Петрушевски: СДС и Филипче живеат во свет на лаги, конструкции и политичка заблуда
- Време е СДС и Филипче да се разбудат од оваа политичка фантазија и конечно да се соочат со реалноста, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
- СДС и Филипче функционираат во сопствена реалност, паралелен свет во кој поразите ги претставуваат како победи, а фактите ги менуваат со конструкции.
- СДС и Филипче ликуваат на победа на избори во друга држава на сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ, додека пак нивната сестринска партија освојува незначителни 1% од гласовите, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.