Пет медицински сестри и двајца фармацевтски техничари вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија
- ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија останува цврсто посветена на јакнење на човечките ресурси, унапредување на здравствените услуги и одржување на високи професионални стандарди во третманот и грижата за пациентите, стои во објавата.
- На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија успешно е реализирана постапката за вработување на пет медицински сестри и двајца фармацевтски техничари, на кои им се доделени соодветни решенија за вработување, објавија од Клиниката на нивната страница на Фејсбук.
- Оваа кадровска надградба, како што се посочува, претставува значаен придонес кон понатамошното унапредување на организациските и професионалните капацитети на Клиниката, во функција на обезбедување континуирана, ефикасна и квалитетна здравствена заштита за пациентите.
Извори
-
Пет медицински сестри и двајца фармацевтски техничари вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија
Извор: kurir.mk
-
5 МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ И ДВАЈЦА ФАРМАЦЕВТИ ВРАБОТЕНИ НА ОНКОЛОГИЈА Кадровска надградба за поуспешен третман на пациентите
Извор: plusinfo.mk
-
Пет медицински сестри и двајца фармацевтски техничари вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија
Извор: netpress.com.mk