ОЈО: Поведена постапка за насилство пред спортски натпревар и се бара притвор
- Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик.
- Поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците на настанот кои треба да бидат сослушани, но и да го повтори делото, јавниот обвинител предложи на осомничениот 20-годишник да му биде определена мерка притвор, стои во соопштението од Јавното обвинителство.
- Во конфликт меѓу навивачки групи пред влезот на С. Ц „Јане Сандански“ осомничениот задал удар во глава на дете од спротивниот табор.
Извори
- Дете заврши во болница по навивачка тепачка – 20-годишник осомничен за насилство
Извор: mk.tv21.tv
- ОЈО: Поведена постапка за насилство пред спортски натпревар и се бара притвор
Извор: faktor.mk
- ЈО: Поведена постапка за насилство пред спортски натпревар
Извор: kanal5.com.mk