ОЈО: Истрага за жена која се обидела да внесе дрога во КПУ Идризово
- На 20 мај таа се обидела неовластено да внесе наркотична дрога – марихуана и кокаин во КПУ Затвор Идризово во Скопје додека била во посета на нејзиниот сопруг кој издржува казна во затворот.
- Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишна осомничена за Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
- Однела две табли во кои визуелно изгледало дека се спакувани вкупно 60 јајца, но при проверка на скенер и при рачна проверка, било утврдено дека 28 од нив содржат пакувања дрога, односно вкупно 318,62 грама марихуана и 142,2 грама кокаин.
Извори
-
ОЈО: Истрага за жена која се обидела да внесе дрога во КПУ Идризово
Извор: mk.tv21.tv
-
ОЈО: Истрага за жена која се обидела да внесе дрога во КПУ Идризово
Извор: kanal5.com.mk
-
ВО 2 ТАБЛИ СО ЈАЈЦА СПАКУВАЛА МАРИХУАНА И КОКАИН Куќен притвор за жената што сакаше да внесе дрога во затворот Идризово
Извор: plusinfo.mk
-
Жена му однела јајца со кокаин и марихуана на сопругот во затворот Идризово
Извор: libertas.mk