Отворена истрага за насилство врз гинекологот во поликлиниката „Букурешт“
- Основното јавно обвинителство Скопје отвори истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело „Насилство“, откако, според досега обезбедените докази, на 16 септември во приватна ординација во рамки на поликлиниката „Букурешт“ физички нападнало лекар-гинеколог за време на извршување на неговите работни обврски.
- Станува збор за случајот со гинекологот Дејан Огненовиќ за кого од Лекарската комора претходно апелираа за брзо расчистување на околностите и соодветно санкционирање на сторителот, нагласувајќи дека насилството врз здравствени работници е неприфатливо.
- Против осомничениот е донесена наредба за спроведување истражна постапка поради основано сомнение за кривично дело „Насилство“, од член 386 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Извори
Повеќе статии
Сиљановска-Давкова на средба со Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон ЕУ
7 извори
Мицкоски-Курти: Унапредување на добрососедските односи, регионалната соработка и можностите за развој
4 извори
ЦУК: 16 пожари на отворен простор, четири се уште активни
5 извори