Општина Касандра на Халкидики со известување и на македонски јазик
- Преку соопштение на англиски, грчки, но и на македонски јазик, од општина Касандра, на првиот крак на Халкидики ги повикаа граѓаните и посетителите да ги отстранат незаконски поставените предмети на плажите, како чадори, лежалки и сл, бидејќи во спротивно ќе бидат тргнати и ќе се третираат како отпад, јави дописничката на МИА од Атина.
- Од општината, на Фејсбук објавија „Известување за отстранување“ во кое се повикуваат посетителите најдоцна во рок од 24 часа да ги соберат нивните предмети од плажите и порачаа дека целта е „слободни и достапни плажи за сите“.
- Согласно одредбите од Законот 5092/2024 за заштита на јавниот карактер на крајбрежјето и плажите, сопствениците се повикуваат веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од поставувањето на известувањето, да ги отстранат предметите, соопштија од општината.