DAY.MK

обновено 23:13, 03.11.2026

Октомври оваа година постуден и посушен во споредба со многугодишните просечни вредности

пред 6 часа • 6 извори
Октомври оваа година постуден и посушен во споредба со многугодишните просечни вредности

Кратко

  • Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), средномесечната температура минатиот месец варирала од 7,9 степени во Маврово до 15,3 степени во Гевгелија.
  • Во споредба со многугодишните просечни вредности на температурите на воздух и врнежите, годинашниот октомври беше постуден и посушен покажале мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во државата.
  • Споредено со октомвриската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи беше помала за 39 милиметри или со 60 отсто недостаток од просечната на ниво на држава, наведува Управата за хидрометеоролошки работи.

Повеќе статии