Околу 65 килограми марихуана запленети кај Градско, истрага против две лица
- Осомничените заеднички вршеле недозволен транспорт на околу 65 килограми марихуана, а биле откриени на наплатната рампа Стоби, во близина на Градско.
- Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
- Сепак, полицајците успеале да го стигнат и извршиле преглед на возилото каде ја пронашле марихуаната.