DAY.MK

обновено 20:08, 27.05.2026

Објавен е конкурс за запишување студенти/питомци на Воената академија

пред 5 часа 5 извори
Објавен е конкурс за запишување студенти/питомци на Воената академија

Кратко

  • Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ – Скопје го објави конкурсот за запишување студенти/питомци за потребите на Министерството за одбрана и на Армијата на Република Македонија и студенти за потребите за управување со кризи и заштита и спасување на прв циклус студии во учебната 2026/2027 година.
  • Министерството за одбрана упатува повик до сите млади лица кои сакаат своето образование и работна кариера да ја продолжат како идни офицери во рамки на македонската Армија и ги исполнуваат критериумите согласно објавениот конкурсот да ја искористат можноста и да се пријават.
  • На Конкурсот може да се пријавуваат кандидати кои се македонски државјани, со завршено четиригодишно средно образование, да не се постари од 21 година (на денот на пријавување и поднесување документи) и да се психофизички способни (утврдува военолекарска комисија).

Повеќе статии