Обновена билатералната соработка меѓу уставните судови на Северна Македонија и Србија по 15 години
- Во рамки на посетата, претседателите Костадиновски и Петров потпишаа Меморандум за разбирање и билатерална соработка меѓу Уставниот суд на Република Србија и Уставниот суд на Република Северна Македонија, по што беше одржан и стручен разговор меѓу членовите на делегациите на тема „Извршување на одлуките на Уставниот суд“.
- Уставниот суд на Република Македонија и Уставниот суд на Република Србија потпишаа Меморандум за разбирање и билатерална соработка, со што по речиси 15 години се обновува институционалната соработка меѓу двете највисоки уставно-судски институции, соопштија од Уставниот суд.
- Претседателот на Уставниот суд на Македонија, Костадиновски, се заблагодари за гостопримството и, меѓу другото, истакна дека уставните судови имаат исклучително важна улога, бидејќи нема ништо повредно од заштитата на човековите права и слободи.
Извори
-
Обновена билатералната соработка меѓу уставните судови на Северна Македонија и Србија по 15 години
Извор: makfax.com.mk
-
Обновена билатералната соработка меѓу уставните судови на Македонија и Србија по 15 години
Извор: kanal5.com.mk
-
Меморандум за соработка и размена на искуства меѓу уставните судови на Македонија и Србија
Извор: republika.mk