Обилни врнежи во Македонија, дождот преминува во снег и во градовите
- Метео анализа на Славчо Попоски: Во овие моменти од север кон Македонија се спушта значително поладен воздух па така обилните врнежи од дожд освен на повисоките места и на планините преминуваат во врнежи од снег и во градовите особено во западните предели од Македонија.
- Снежна покривка ќе се формира на повисоките места и на планините над 1000 метри надморска височина со висина од над 10/15 сантиметри а на повисоките планини таа ќе биде и поголема.
- Сето ова е поради силниот и ладен циклонски систем со центар над Џеновскиот З алив, пишува Поповски.