Нови детали за пожарот во Штип: Огнот избувнал по удар на гром
- Пожар избувна попладнево на патот кон градските гробишта во месноста Плуждино кај Штип, при што била зафатена сува трева на поголема површина.
- Поради засилениот ветер, огнот брзо се проширил на поголема површина, поради што на терен интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица Штип, информираат од ЦУК за Пресс24.
- Според првичните информации, пожарот најверојатно бил предизвикан од удар на гром, при што била зафатена сува трева.