DAY.MK

обновено 15:03, 24.09.2026

Николоски на средба со Абдула Ал Себуси: Постои огромен потенцијал за унапредување на соработката со ОАЕ во авиосообраќајот, инфраструктурата и туризмот

пред 1 час 7 извори
Николоски на средба со Абдула Ал Себуси: Постои огромен потенцијал за унапредување на соработката со ОАЕ во авиосообраќајот, инфраструктурата и туризмот

Кратко

  • Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари средба со амбасадорот на Обединетите Арапски Емирати во Македонија, Абдула Ал Себуси, на која беа разгледани можностите за унапредување на економската соработка меѓу двете земји, со акцент на ависообраќајот, инфраструктурата и туризмот.
  • На средбата беше истакнат и потенцијалот за воспоставување на соработка со компании и инвеститори од Обединетите Арапски Емирати во повеќе стратешки области од значење за Македонија.
  • Вицепремиерот Николоски ги потенцираше инвестициските можности и услови што ги нуди Македонија за странските инвеститори, посочувајќи ги поволната географска положба на земјата, нејзината поврзаност со регионалните транспортни коридори, како и можностите за реализација на проекти од стратешко и инфраструктурно значење.

Извори

Повеќе статии