Невремето предизвика штети во Битола, екипите на јавните претпријатија на терен
- Силното невреме што синоќа ја зафати Битола и околината, проследено со интензивни врнежи од над 40 литри дожд на метар квадратен, предизвика оштетувања на коловозите во повеќе делови од градот.
- Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, информираше дека екипи на јавните претпријатија „Нискоградба“, „Водовод“ и „Комуналец“ од раните утрински часови се на терен и работат на санирање на последиците.