„Најдовме дрога кај војник“: Се огласија од Армијата
- Во врска со објавите во медиумите со наслов „ Дрога најдена во ранецот на припадник од Армијата” , од Армијата информираат дека на ден 12. е спроведена акција од надлежните служби во Армијата, при што кај армиски припадник е пронајдена материја со сомнителна содржина.
- По пронаоѓањето на сомнителната содржина, согласно процедурите во Армијата, случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи по што е известен дежурен јавен обвинител и лицето е лишено од слобода.
- По целосното комплетирање на случајот против припадникот на Армијата е поведена соодветна постапка.