DAY.MK

обновено 10:58, 08.03.2026

Началникот на Генералштабот на Армијата присуствуваше на примопредавањето на должноста командант на Националната Гарда на Вермонт

пред 2 часа 3 извори
Началникот на Генералштабот на Армијата присуствуваше на примопредавањето на должноста командант на Националната Гарда на Вермонт

Кратко

  • Свеченоста се одржа во 158-иот борбен ВИНГ (158th Fighter Wing) во воздухопловната база на НГ на Вермонт во Бурлингтон, каде досегашниот командант, генерал-мајор Грегори Најт, ја предаде должноста на новоназначениот командант, генерал-мајор Хенри „Хенк” Хардер.
  • Делегација од Армијата, предводена од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, на покана на генерал-мајор Грегори Најт, вчера (7 март) присуствуваше на свечената церемонија по повод примопредавањето на должноста командант на Националната гарда (НГ) на Вермонт, САД.
  • Генералот Хардер, кој на оваа должност доаѓа од позицијата заменик-командант на НГ на Вермонт, во текот на неговата кариера извршувал бројни должности, меѓу кои и заменик-командант на 158-иот борбен ВИНГ.

Повеќе статии