Надојдената река Треска однесе двајца малолетни и еден тинејџер, тројцата се навреме спасени
- По приемот на пријавата, Центарот за управување со кризи веднаш ја координираше интервенцијата и побара ангажирање на Министерството за внатрешни работи, Дирекцијата за заштита и спасување, Општина Сарај, ХЕЦ „Матка“, Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и Итната медицинска помош.
- Едното малолетно лице веднаш беше извлечено од водата, додека другите две лица беа пронајдени низводно по течението на реката Треска.
- Поради надојдената вода, од силниот воден тек беа однесени две малолетни лица на возраст од 15 години и едно 18-годишно лице.