DAY.MK

обновено 13:06, 01.04.2026

МУЦУНСКИ ВО ФРАНЦИЈА: Предвидени се средби со Макрон и други државни службеници и размена на мислења за актуелни прашања

пред 3 часа 4 извори
МУЦУНСКИ ВО ФРАНЦИЈА: Предвидени се средби со Макрон и други државни службеници и размена на мислења за актуелни прашања

Кратко

  • Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во работна посета на Париз, каде што ќе оствари средби со министерот за Европа на Француската Република, Бенџамин Адад, како и со Бертран Бушвалтер, советник за континентална Европа и Турција на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон.
  • Во рамки на посетата, предвидена е и средба со Жером Филипини, директор на Националниот институт за јавни служби на Француската Република (INSP), при што ќе биде потпишана Декларација за намери помеѓу Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија и Националниот институт за јавни служби на Француската Република.
  • Во фокусот на разговорите ќе бидат натамошното унапредување на билатералните односи, реафирмирањето на француската поддршка за евроинтегративниот процес на нашата држава, како и размена на мислења за актуелни регионални, европски и глобални прашања“, се наведува во соопштението од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Повеќе статии