Муцунски во работна посета на Литванија и отворање на македонската Амбасада во Вилнус
- Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре ќе престојува во работна посета на Литванија.
- Како што соопшти МНРиНТ, централен настан во рамките на посетата ќе биде свеченото отворање на новата Амбасада на во Вилнус, што претставува значаен чекор кон натамошно зајакнување на дипломатското присуство на државата и продлабочување на билатералните односи и соработката со Литванија и поширокиот Балтички регион.
- Од Министерството посочуваат дека посетата на министерот Муцунски на Вилнус се реализира во значаен момент, во пресрет на претседавањето на Литванија со Советот на Европската Унија во првата половина на 2027 година, период од особено значење за политиката на проширување и европските интегративни процеси.
Извори
- Муцунски утре во Литванија на свечено отворање на новата македонска амбасада во Вилнус
Извор: zurnal.mk
- Муцунски во работна посета на Литванија и отворање на македонската Амбасада во Вилнус
Извор: press24.mk
- Муцунски утре во Литванија, ќе биде отворена новата македонска амбасада во Вилнус
Извор: prvaskopska.mk
- Македонија ќе отвори амбасада во Литванија
Извор: netpress.com.mk
- Муцунски во работна посета на Литванија и отворање на македонската Амбасада во Вилнус
Извор: denesen.mk