DAY.MK

обновено 08:52, 14.08.2026

МНРиНТ ги повика македонските државјани во подрачјата зафатени од пожарите во Грција да се обратат ако имаат потреба од помош

пред 12 часа 12 извори
МНРиНТ ги повика македонските државјани во подрачјата зафатени од пожарите во Грција да се обратат ако имаат потреба од помош

Кратко

  • Согласно со информациите од дипломатско-конзуларното претставништво во Солун, до овој момент од надлежните грчки институции не е добиена официјална информација за бројот на евакуирани македонски државјани од подрачјата зафатени со пожарите во Грција, информираа од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
  • Од Министерството апелираат до македонските државјани кои се наоѓаат во засегнатите подрачја внимателно да ја следат состојбата и да ги почитуваат упатствата и насоките на надлежните локални власти.
  • Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со внимание ја следи актуелната состојба со пожарите во Грција, преку своето дипломатско-конзуларно претставништво во Солун и во комуникација со надлежните грчки институции.

Извори

Повеќе статии