МНР на Бугарија: Палењето возила е резултат на агресивен политички говор и поттикнување омраза, се застрашуваат Бугарите во Македонија
- Министерството за надворешни работи на Бугарија оцени дека денешното палење на два автомобили на бугарската амбасада во Скопје е „резултат на агресивен политички говор, поттикнување омраза и недостаток на соодветен одговор од страна на институциите во претходни слични значајни случаи, што создава чувство на неказнивост за сторителите.
- Запалени возила кај Бугарската амбасада, полицијата во потрага по непознато лице Бугарското МНР истакнува дека „без навремена интервенција на бугарскиот конзул со апарат за гаснење пожар, штетата од ова намерно палење можеше да биде значително поголема“ и инсистира на брзо и фер спроведување на правдата во овој случај.
- Бугарското МНР ги критикува македонските институции поради „недостатокот на соодветен одговор во претходни слични случаи, што создава чувство на неказнивост кај сторителите“, посетувајќи на палењето на бугарскиот клуб во Битола, нотирајќи дека наместо соодветна казна, сторителот тогаш бил „прославен и вклучен во предизборна политичка кампања“.
Извори
-
МНР на Бугарија: Палењето возила е резултат на агресивен политички говор и поттикнување омраза, се застрашуваат Бугарите во Македонија
Извор: racin.mk
-
Бугарско МНР: Палењето на автомобилите е резултат на агресивен политички говор и поттикнување омраза
Извор: nezavisen.mk
-
Палењето на автомобилите е резултат на агресивен политички говор и поттикнување омраза, велат од МНР на Бугарија
Извор: emagazin.mk