DAY.MK

обновено 23:34, 13.05.2026

Мицкоски: Се работи на решение да се ограничат местата за брзи кредити до коцкарниците

пред 9 часа 4 извори
Мицкоски: Се работи на решение да се ограничат местата за брзи кредити до коцкарниците

Кратко

  • Премиерот Христијан Мицкоски смета дека со предлог-законот за игри на среќа и забавни игри, што го усвои Владата, состојбата во државата ќе се подобри во морална смисла, а најавува и решение со кое ќе се ограничи до коцкарниците да има канцеларии за издавање брзи кредити.
  • Со предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри, усвоен вчера на владина седница, се предвидува сите објекти во кои се приредуваат игри на среќа – во казина, автомат-клубови и електронски игри на среќа – да бидат оддалечени најмалку 500 метри од основните и средните училишта.
  • Ценам дека со овој закон во морална смисла на зборот драматично ќе ја подобриме состојбата во државата, така што апсолутно стоиме зад овој закон и стоиме во одбрана на овој закон – рече Мицкоски, кој присуствуваше на пуштање во употреба на реконструираниот дел од ГОБ „8 Септември“.

Повеќе статии