DAY.MK

обновено 01:20, 31.05.2026

МИЦКОСКИ ОД НОВИ САД: Народот кој го чува својот јазик никогаш не останува без дом

пред 7 часа 3 извори
МИЦКОСКИ ОД НОВИ САД: Народот кој го чува својот јазик никогаш не останува без дом

Кратко

  • Народот кој ги чува свои корени никогаш не се губи, народот кој го чува својот јазик никогаш не останува без дом, а народот кој ја чува својата култура секогаш ќе има иднина, порача премиерот Христијан Мицкоски на свечената академија „80 години од доселувањето на Македонците во Војводина“, што се одржува попладнево во Нови Сад.
  • Идентитетот, потенцираше, не се чува сам од себе.
  • Премиерот Мицкоски укажа дека во време кога светот се соочува со нови поделби, нови неизвесности и нови геополитички тензии, нашите народи имаат обврска да градат мостови, а не ѕидови, да ја чуваат блискоста создадена низ генерации луѓе и да ја пренесуваат како вредност на идните генерации.

Повеќе статии