Мицкоски: Немам ништо против со закон да се ограничи двојното државјанство и на извршната власт
- Премиерот Христијан Мицкоски смета дека доколку тоа го дозволуваат Уставот и законите, нема против да се ограничи можноста пратениците да поседуваат двојно државјанство, како и да се прошири ограничувањето и на извршната власт и на претседателот на државата.
- Неодамна во парламентот пратениците од владејачката коалиција поднесоа предлог-закон пратениците да не може да имаат двојно државјанство, а веднаш потоа СДСМ поднесе друг предлог, со кој се бара ограничувањето да се прошири и на министрите и на вицепремиерите и да почне да важи веднаш.
- Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, која е и професорка по Уставно право, денеска изјави дека со закон може да се ограничи двојното државјанство, но порача тоа да не биде само за пратениците, туку и за извршната власт, односно за министрите и за претседателот на државата.
Извори
-
Мицкоски: Немам ништо против забрана за двојно државјанство и за пратеници, министри и претседателот
Извор: novamakedonija.com.mk
-
Мицкоски: Немам и не планирам да имам друго државјанство, освен македонското, ако Уставот дозволува, може да се ограничи двојното државјанство
Извор: republika.mk
-
Мицкоски: Немам ништо против со закон да се ограничи двојното државјанство и на извршната власт
Извор: kurir.mk
-
Мицкоски: Подготвен сум да се ограничи двојното државјанство за извршната власт
Извор: a1on.mk
-
Мицкоски не е против со закон да се ограничи двојното државјанство и на извршната власт
Извор: netpress.com.mk