DAY.MK

обновено 19:37, 10.08.2026

Мицкоски за Љуботенски бачила: Жртвата на бранителите е трајно потсетување дека мирот има своја цена

пред 8 часа 6 извори
Мицкоски за Љуботенски бачила: Жртвата на бранителите е трајно потсетување дека мирот има своја цена

Кратко

  • Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, ден кога Македонија се сеќава на осумте македонски бранители кои ги положија своите животи за мирот и безбедноста на својата татковина објави премиерот, Христијан Мицкоски.
  • Во објава на Фејсбук, Мицкоски се потсети на трагичниот настан од 10 август 2001 година, кога при активирање мина на патот кон Љуботенски Бачила животот го загубија припадниците на резервниот состав на Армијата Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски.
  • Денес со длабока почит се поклонуваме пред нивната жртва и пред нивните семејства, кои 25 години ја носат болката од загубата на своите најмили.

Повеќе статии