Мицкоски го покани Радев да ја посети земјава
- На прашањето да даде коментар за вчерашната изјава на Бујар Османи во „Само интервју“ дека не треба да се дозволи да помине законот за правична застапеност во Собранието, дури и со употреба на физичка сила, Мицкоски рече дека овие закани ги разоткриваат вистинските намери.
- Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања го покани бугарскиот премиер Румен Радев да ја посети земјава.
- За тоа дали очекува затегнување на односите, откако денеска бугарското Народно собрание ја избра новата влада предводена од Радев, предложена од партијата Прогресивна Бугарија, Мицкоски нагласи дека тој не рекол дека очекува влошување, туку дека не очекува подобрување.