DAY.MK

обновено 04:24, 09.05.2026

Мисајловски: Ја зајакнуваме соработката со цел поголема безбедност за нашите граѓани

пред 14 часа 3 извори
Мисајловски: Ја зајакнуваме соработката со цел поголема безбедност за нашите граѓани

Кратко

  • Денеска во Министерството за одбрана, министерот Владо Мисајловски се сретна со делегација од Европската Унија предводена од Космин Добран, директор на Директоратот за мир, партнерство и кризен менаџмент при Европската служба за надворешни работи (EEAS), каде беше потврдена взаемната посветеност во делот на зајакнување на одбранбената соработка.
  • Средбата која беше иницирана од страна на Европската служба за надворешни работи, е дел од воспоставениот Дијалог на ЕУ и МКД во доменот на одбраната и безбедноста, и ја потврдува и зајакнува јасната подготвеност на ЕУ за продлабочување на соработката со нашата земја, во областа на безбедноста и одбраната.
  • Директор на Директоратот за мир партнерство и кризен менаџмент при Европската служба за надворешни работи, Добран на денешната средба посочи дека ЕУ е подготвена за зголемување на соработката во овој домен и додаде дека воената мобилноста е од особено значење за поголема ефикасност и зголемување на отпорноста.

Повеќе статии