МИСАЈЛОВСКИ: Искрена благодарност до амбасадорот Лосон за унапредувањето на билатералните односи меѓу двете земји
- Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска оствари проштална средба со амбасадорот на Обединетото Кралство Метју Лосон, на која присуствуваше одбранбеното аташе, потполковничката Денис МкМахон.
- Искрена благодарност, во име на Министерството за одбрана и во мое лично име, за значајниот придонес на амбасадорот Лосон за унапредување на билатералните односи и одбранбената соработка меѓу двете земји, како и за континуираната поддршка во развојот на одбраната, стратешките документи и модернизацијата на Армијата, објави Мисајловски.
- Министерот му посака успех во идните професионални предизвици, со уверување дека пријателството, довербата и партнерството со Обединетото Кралство, кој е еден од нашите најзначајни партнери во одбраната, ќе продолжат да се зајакнуваат и во иднина.
Извори
-
Мисајловски на проштална средба со амбасадорот на Обединетото Кралство
Извор: kurir.mk
-
Мисајловски на проштална средба со амбасадорот на Обединетото Кралство, Лосон
Извор: netpress.com.mk
-
МИСАЈЛОВСКИ: Искрена благодарност до амбасадорот Лосон за унапредувањето на билатералните односи меѓу двете земји
Извор: denesen.mk
Повеќе статии
МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА ЧЕКА НА ЕУ, СЕ ПОВРЗУВА СО РЕГИОНОТ И ЕНЕРГЕТСКИ И ИНФРАСТРУКТУРНО Мицкоски и во Вашингтон повтори дека без гаранции од Брисел ќе нема нови отстапки
7 извори
(Видео) Ивановски: Пругата Бељаковце – Крива Паланка се гради со силна динамика
4 извори
Утре и задутре ново прскање против комарци во Скопје
5 извори