Министерството за здравство: Досега нема ниту еден пациент, чија здравствена состојби се поврзува со консумирање загадена вода во Скопје
- Министерството за здравство ја информира јавноста дека досега нема ниту еден регистриран, ниту хоспитализиран пациент, чија здравствена состојби се поврзува со консумирање загадена вода во Скопје.
- Ова го потврди директорот на Инфективната клиника, д-р Фадил Цана на денешната прес-конференција во Министерство за здравство, како и одговорните лица од Институт за јавно здравје и Центар за јавно здравје-Скопје, кои исто така, информираа дека досега не се регистрирани вакви случаи.
- Од Министерството нагласија дека се продолжува со активно следење на состојбата и најавија дека навремено ќе се информира за сите релевантни податоци.
Извори
-
Министерството за здравство: Досега нема ниту еден пациент, чија здравствена состојби се поврзува со консумирање загадена вода во Скопје
Извор: telma.com.mk
-
Нема ниту еден регистриран, ниту хоспитализиран пациент, чија здравствена состојби се поврзува со консумирање загадена вода во Скопје, велат од Министерството за здравство
Извор: makfax.com.mk
-
МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје
Извор: kurir.mk