Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
- Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати, денеска учествуваше како панелист на дискусијата организирана од Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје, на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“.
- За време на дискусијата, министерот Ферати направи осврт на историските и политичките случувања што ги одбележаа изминатите 25 години, истакнувајќи ја улогата на Охридскиот рамковен договор во воспоставувањето на мирот и стабилноста, како и во унапредувањето на правата на заедниците.
- Од дискусијата произлезе пораката дека, додека изминатите 25 години беа од пресудно значење за воспоставувањето на мирот и стабилноста, следните 25 години треба да бидат насочени кон подобрување на животниот стандард и создавање поголеми можности за младите генерации што доаѓаат“, соопштија од министерството.
Извори
-
Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
Извор: makfax.com.mk
-
Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
Извор: press24.mk
-
Министерот Ферати учествуваше на панел-дискусија на тема „Охридскиот рамковен договор и генерацијата што не чека: 25 години зад нас, 25 години пред нас“
Извор: mk.tv21.tv