Милошоски: Левица ќе блокира нешто што прифати, а СДСМ нешто што бојкотираше!
- Левица одби да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик во чие изготвување учествуваше – изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, коментирајќи ги најавите од Левица и од СДСМ дека ќе го блокираат донесувањето на измените во Изборниот законик.
- Согласно овој став од лидерската средба на 9-ти март, во министерството за правда, започнаа состаноците на Работната група за измени на Изборниот законик, со претставници од сите политички партии, со тоа што СДСМ потоа донесе одлука да се повлече од овие разговори.
- Но, иако беа ко-предлагачи на ова решение денес пратениците Крмов и Реџеп Исмаил известија дека нема да бидат потписници на предлог измените на Изборниот законик, иако на тоа се согласија и на лидерската средба и за време на состаноците на Работната група во министерството за правда.
Извори
-
ЛЕВИЦА ЌЕ БЛОКИРА НЕШТО ШТО ПРИФАТИ, А СДСМ НЕШТО ШТО БОЈКОТИРАШЕ! Милошоски за заканите за блокада на измените во Изборниот законик
Извор: plusinfo.mk
-
Милошоски: Левица ќе блокира нешто што прифати, а СДСМ нешто што бојкотираше!
Извор: netpress.com.mk
-
Измените на Изборниот законик испратени во Собрание, Левица одбива да гласа иако учествуваа во подготовка на законското решение
Извор: republika.mk