МВР поднесе кривични пријави за ископот што ја остави Струга без вода за пиење
- ОВР Струга поднесе кривична пријава против Х. М. К. двајцата од струшкото село Велешта, како и против правен субјект од истото село поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „узурпација на недвижности“, „незаконита експлоатација на минерални суровини“, „предизвикување опасност при градежни работи“ и „загадување вода за пиење“.
- Нелегалните ископи ги извршувале во непосредна близина на изворите за вода во струшкото село Шум од каде градот Струга се снабдува со вода за пиење, со што придонеле за директно загадување и заматување на водата за пиење од над 30 пати повеќе од дозволеното.
- Нелегалниот ископ на минерални суровини во близина на изворите за вода во струшкото село Шум довел до сериозен проблем со водоснабдувањето во Струга, поради што против две лица и едно правно лице е поднесена кривична пријава.
Извори
-
Двајца стружани и фирма пријавени за нелегален ископ и загадување на водата за пиење во Струга
Извор: mk.tv21.tv
-
МВР поднесе кривични пријави за ископот што ја остави Струга без вода за пиење
Извор: racin.mk
-
Кривична пријава против две физички и едно правно лице за загадување на водата во Струга
Извор: telma.com.mk