DAY.MK

обновено 23:51, 23.05.2026

МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот

пред 32 часа 9 извори
МВР и Фондацијата „Фросина Кулакова“ заеднички ќе работат на поголема безбедност во сообраќајот

Кратко

  • Со меморандумот се утврдува рамка за заедничка соработка во насока на унапредување на безбедноста во сообраќајот, подигнување на јавната свест, зајакнување на превентивните механизми и подобрување на институционалниот третман на жртвите и нивните семејства.
  • Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потпиша Меморандум за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Фондацијата „Фросина Кулакова”, формирана во чест на Фросина Кулакова, која трагично го загуби животот на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди”, поминувајќи на зелено светло.
  • Министерството за внатрешни работи останува посветено на креирање современи и ефикасни политики за поголема безбедност на сите учесници во сообраќајот и заштита на човечкиот живот како највисока вредност.

Извори

Повеќе статии