МВР: 13 лица повикани на разговор по ширењето лажни информации за загадена вода во Скопје
- Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, во врска со ширењето на лажните информации на социјалните мрежи за наводно загадување на водата за пиење во Скопје, до сега повика 13 лица на информативен разговор.
- Министерството за внатрешни работи укажува дека ширењето на непроверени и неточни информации, особено кога станува збор за прашања што се однесуваат на здравјето и безбедноста на граѓаните, може да предизвика неоправдана паника и вознемиреност во јавноста.
- Одговорното користење на социјалните мрежи и проверката на информациите пред нивно објавување или споделување се од суштинско значење за спречување на дезинформации и заштита на јавниот интерес.
Извори
-
МВР: 13 лица повикани на разговор по ширењето лажни информации за загадена вода во Скопје
Извор: kurir.mk
-
МВР: 13 лица повикани поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
Извор: 24info.mk
-
13 лица повикани на информативен разговор во МВР по дезинформацијата дека водата во Скопје е загадена
Извор: press24.mk
-
МВР: Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
Извор: libertas.mk
-
МВР испрашувало 13 лица поради ширење лажни информации за водата во Скопје
Извор: netpress.com.mk
-
Секторот за компјутерски криминал повика 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје
Извор: kanal5.com.mk