DAY.MK

обновено 04:34, 30.07.2026

Марковски ја напушти државата, МВР вели немало забрана

пред 10 часа 3 извори
Марковски ја напушти државата, МВР вели немало забрана

Кратко

  • Основниот суд во Струга вчера му го врати одземениот пасош на Марковски кој му беше одземен како мерка на претпазливост.
  • Битолскиот бизнисмен и почесен конзул на Белорусија во земјава, Борче Марковски, денеска бил задржан на граничниот премин „Табановце“, но по извршените проверки му било дозволено да ја напушти државата бидејќи против него немало активна мерка што би го спречило да ја премине државната граница, објави „360 степени“.
  • Иако опремата воопшто не се планирала за во Битола, бил спроведен тендер, потпишан договор во висина од околу 1,7 милиони евра, а неговата компанија „Марковски компани“ како добитник ги демонтирала машините од Кичево, ги донела во Битола и ги оставила немонтирани во кругот на РЕК „Битола”.

Повеќе статии