Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум
- Од МВР информираат дека шеснаесетгодишникот е задржан за понатамошна постапка, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
- Според изјавата на С. М. настанот се случил околу 13:45 часот во с. Боговиње, при што од невнимание дошло до испукување на еден куршум од пиштолот, кој го носел неговиот малолетен син.
- Увидот бил извршен во присуство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово и претставници на Центарот за социјални работи Тетово.