DAY.MK

обновено 04:24, 09.05.2026

Македонија ја потпиша Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачка интелигенција

пред 16 часа 4 извори
Македонија ја потпиша Рамковната конвенција на Советот на Европа за вештачка интелигенција

Кратко

  • Конвенцијата, усвоена од Комитетот на министри на Советот на Европа во мај 2024 година, претставува прв обврзувачки меѓународен инструмент што воспоставува принципи и стандарди за безбедна, етичка и одговорна употреба на вештачката интелигенција.
  • Со нејзиното потпишување, нашата држава се приклучува кон меѓународните напори за воспоставување јасни правила и стандарди за развој и употреба на вештачката интелигенција, во согласност со принципите на човековите права, демократијата и владеењето на правото.
  • На церемонијата,министерот за правда Игор Филков упати благодарност до генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе за неговото лидерство и посветеност, како и на Советот на Европа за континуираната поддршка.

Повеќе статии