Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот
- За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а увид на местото изврши екипа на ОВР Гевгелија.
- На местото на несреќата биле пронајдени повредени шест лица мигранти од Египет, од кои едно со тешки телесни повреди, кој бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а останатите пет мигранти и И. Д. се здобиле со телесни повреди.
- Од МВР соопштуваат дека постои основано сомнение за кривично дело „криумчарење мигранти“, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија.