Литванскиот министер за надворешни работи во официјална посета на Македонија
- На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, утре во официјална посета на Република Македонија ќе престојува министерот за надворешни работи на Република Литванија, Кестутис Будрис (Kęstutis Budrys), соопшти МНРиНТ.
- Во рамките на посетата, министерот Будрис ќе оствари тет-а-тет средба со својот домаќин, министерот Муцунски, по што ќе следи заедничка прес-конференција.
- Во фокусот на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Литванија, соработката во рамките на НАТО, како и литванската поддршка за европската интеграција на Република Северна Македонија.
Извори
-
Шефот на литванската дипломатија утре во официјална посета на Македонија
Извор: skopje1.mk
-
Литванскиот министер за надворешни работи во официјална посета на Македонија
Извор: kurir.mk
-
Литванскиот министер за надворешни работи во официјална посета на Македонија
Извор: republika.mk