DAY.MK

обновено 15:15, 01.07.2026

ЛЕТЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Стоп за тешки камиони низ Македонија за викендите и на екстремно високи температури

пред 30 часа 3 извори
ЛЕТЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Стоп за тешки камиони низ Македонија за викендите и на екстремно високи температури

Кратко

  • На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје (со важност до 01 септември) се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во интервалите: петок од 15:00 – 22:00 часот, сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и недела од 07:00 до 22:00 часот.
  • Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.
  • Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.

Повеќе статии