Левица: Оливер Миланов од АХВ да си поднесе оставка по скандалот со млекарниците
- Јавноста има право да знае колку долго траеле овие злоупотреби, кој дозволил производи што не одговараат на декларираниот состав да се продаваат како млеко и млечни производи и дали зад целиот случај стои организирана мрежа на институционална неодговорност, корупција и политичка заштита“, наведуваат од Левица.
- После информации за квалитетот на млечните производи, односно, за небезбедната храна која млекарниците ја пуштаат во промет, се добива јасна слика дека корупцијата во надлежните институции, во случајов Агенција за храна и ветеринарство, е длабоко навлезена во системот, велат од Левица.
- Левица уште од самиот почеток на аферите во МЗШВ јавно бара оставка од министерот Цветан Трипуновски, но после овој скандал со млечните производи оставка освен од министерот бараме и од директорот на АХВ, како и преземање на сите мерки за утврдување на негова најдиректна кривична одговорност.
Извори
-
„Оливер Миланов од АХВ да си поднесе оставка по скандалот со млекарниците“, велат од Левица
Извор: skopje1.mk
-
Левица: Оливер Миланов од АХВ да си поднесе оставка по скандалот со млекарниците
Извор: 24info.mk
-
Левица: Оливер Миланов од АХВ да си поднесе оставка по скандалот со млекарниците
Извор: a1on.mk