DAY.MK

обновено 17:59, 19.09.2026

Лафчиски во Данска: Актуелните безбедносни предизвици во фокус на конференцијата на Воениот комитет на НАТО

пред 55 минути 3 извори
Лафчиски во Данска: Актуелните безбедносни предизвици во фокус на конференцијата на Воениот комитет на НАТО

Кратко

  • Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО на ниво на началници на Генералштабови, која се одржува во Копенхаген, Данска.
  • На состанокот, со кој претседаваше претседателот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, учествуваа началниците на Генералштабовите на сојузничките земји, како и врховниот командант на Сојузничките сили за Европа, генерал Алексус Г. Гринкевич и врховниот командант на Сојузничките сили за трансформација, адмирал Пјер Вандие.
  • Притоа, тој го истакна непрекинатото учество на нашата Армија во активностите за заштита и одбрана на источното крило на Алијансата, како и посветеноста кон постојано унапредување на оперативната подготвеност преку процесите на модернизација, интензивни обуки и учество на меѓународни вежби.

Повеќе статии