DAY.MK

обновено 18:07, 02.06.2026

Кумановец урнал куќа – културно наследство со спомен плоча на народниот херој Киро Нацев Фетак и изградил дивоградба

пред 3 часа 3 извори
Кумановец урнал куќа – културно наследство со спомен плоча на народниот херој Киро Нацев Фетак и изградил дивоградба

Кратко

  • На таа локација, првопријавениот, во својство на инвеститор на градба извршил градежни работи и изградил градба од втора категорија, без претходно одобрение за градење издадено од Сектор за урбанизам при општина Куманово, со што постапил спротивно на член 59 од Закон за градење, а објектот го изградил на земјиште сопственост на државата.
  • Додека пак, второпријавената како овластен градежен инспектор несовесно постапила во вршењето на своите должности и овластувања на начин што донела решение врз основа на нецелосна и неточно утврдена фактичка состојба, а која била должна да ја утврди согласно член 9 од Закон за инспекциски надзор во врска со член 2 а од Закон за градење .
  • СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ф. Ф. Т. двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство и природни реткости“, „бесправно градење“, „узурпација на недвижности“ и „несовесно работење во службата“.

Повеќе статии