DAY.MK

обновено 14:21, 23.04.2026

КСЗД им препорача на работодавачите да обезбедат доследна примена на законската заштита на работничките за време на бременост, раѓање и мајчинство

пред 3 часа 3 извори
КСЗД им препорача на работодавачите да обезбедат доследна примена на законската заштита на работничките за време на бременост, раѓање и мајчинство

Кратко

  • Следствено, работодавачите немаат практично ограничување за тоа каков вид работен однос би засновале, односно каков вид договор за вработување би склучиле со работниците, а од договорите за вработување на определено време значително најзастапени се оние што се поврзани со истек на време, односно со доаѓањето одреден датум - се вели во препораката.
  • Од друга страна, пак, се додава, меѓу другото во општата препорака на КСЗД, другите механизми за заштита пропуштаат да го препознаат фактичкото дејствување на работодавачот како дискриминаторско дејство, односно како дискриминација во вработувањето и пристапот до работа, не нудејќи соодветна заштита за оваа категорија работнички.
  • Ова, пред сè, се додава во препораката поради поставеноста на правната рамка, која ги уредува договорите за вработување на определено време во согласност со што не постои нормативно, а со тоа и практично ограничување на нивната употреба од страна на работодавачите.

Повеќе статии