DAY.MK

обновено 21:34, 09.11.2026

КРИЗНА СОСТОЈБА ВО КРИВА ПАЛАНКА: Градоначалникот на СДС ја моли за помош владата на ВМРО-ДПМНЕ за да се справи со кравите

пред 7 часа • 3 извори
КРИЗНА СОСТОЈБА ВО КРИВА ПАЛАНКА: Градоначалникот на СДС ја моли за помош владата на ВМРО-ДПМНЕ за да се справи со кравите

Кратко

  • Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска побара Владата итно да прогласи 30-дневна кризна состојба на територијата на општината и да ги обезбеди потребните ресурси за трајно решавање на проблемот со неконтролираното движење на крупниот добиток.
  • Според информациите изнесени на Кризниот штаб, добитокот секојдневно се движи и низ центарот на градот, при што се оштетуваат приватни имоти и јавни површини, а се загрозува и безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот.
  • Прогласете 30-дневна кризна состојба, мобилизирајте ги потребните ресурси и помогнете ѝ на Крива Паланка да стави крај на оваа долгогодишна голгота – порача Митовски до Владата.

Повеќе статии