Кривична за четворица турски државјани во земјава – со закана изнудувале пари
- Имено, тие најпрвин му побарале 100. евра и му се заканувале со семејството, но откако ги одбил сумата ја намалиле на 40.
- Кривична пријава поднесе СВР Штип во координација со Одделот за криминалистичка полиција против К. К. А. С. Б. сите од Република Турција, со привремен престој во Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“ во обид.
- Прво и второпријавениот К. А. А. кои се моментално на издржување казна затвор во КПУ Затвор Идризово, со посредство на третопријавениот Ф. С. во неколку наврати, преку телефонски контакти и директни средби на Ф. С. О. од Турција, се обиделе да му изнудат пари, наводно стекнати на нелегален начин во државата.