Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за зачувување на јавните површини
- Со цел заштита на зелените површини од паркирање на моторни возила, ЈКП „Комуналец“ – Прилеп постави заштитно оградување околу паркот кај Основниот суд во градот.
- Како што информираат од претпријатието, поставувањето на пречници за паркирање предизвикало негодување кај дел од граѓаните, но мерката е преземена со цел зачувување на јавниот простор и зеленилото.