Клиничката болница во Тетово ќе добие еколошки систем за греење, министерот Хоџа во посета на Болницата
- Проектот за замена на системите за греење со еколошки алтернативи е поддржан преку ИПА 3 програмата за чист воздух и се очекува да се реализира во периодот 2026/2027 година.
- Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес ја посети Клиничката болница Тетово, каде во соработка со Министерството за здравство се подготвува проект за замена на системите за греење со еколошки алтернативи во седум објекти.
- Со овие инвестиции, државата презема конкретни чекори да води со пример, започнувајќи од јавните институции, со јасна цел – постепена замена на нееколошките системи за греење во сите јавни објекти во земјата.