Клековски: Законот за забрана на пушењето ќе биде најпрогресивен, но ќе треба масовна поддршка
- Во Македонија 45 отсто од возрасните пушат и колку и ние да издвоиме за скрининг и за дијагностика и третмани, ќе биде невозможна трка, изјави директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски коментирајќи ја важноста на превенирањето на малигните болести.
- Како што рече, најлесно е да донесеме закон за забрана на пушење, но важно е неговото спроведување зашто ние и сега имаме закон.
- Проблемите се напластени и долго време системот бил во инерција.