ИЈЗ: Водата од чешма во Гостивар не смее да се пие, ниту да се користи за миење овошје и подготовка на храна
- За миење на забите исто така треба да се користи исклучиво безбедна вода, додека при туширање и капење се препорачува користење безбедна или превриена вода, со внимание таа да не се голта.
- Според препораките, за пиење, подготовка на храна, миење овошје и зеленчук што се консумираат свежи, подготовка на мраз, кафе, чај, сокови и храна за доенчиња, граѓаните треба да користат исклучиво фабрички пакувана, односно флаширана вода.
- ИЈЗ препорачува често миење на рацете со сапун и безбедна вода, а доколку тоа не е можно, користење средства за дезинфекција на база на алкохол.
Извори
-
ИЈЗ со итни препораки до гостиварци: Не пијте вода од водоводот, ниту по превривање
Извор: novamakedonija.com.mk
-
ИЈЗ: Водата од чешма во Гостивар не смее да се пие, ниту да се користи за миење овошје и подготовка на храна
Извор: meta.mk
-
ИЈЗ: Водата од градскиот водовод во Гостивар не треба да се користи за пиење, миење овошје и зеленчук, подготовка на чај и кафе
Извор: republika.mk